ВИДЕО: Нема оправдување за насилство врз жените, порачаа од трибината на СДСМ

Во организација на Форумот на жени на СДСМ Куманово се одржа трибина-Заедно против семејно насилство во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Жените од СДСМ, заедно со припадниците на машкиот пол порача дека нема оправдување за какво било насилство врз жените. Заложбите се градење на фер, праведно и еднакво општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето.

Нулта толеранција за насилство врз жените и девојките. Континуирано унапредување на правата на жените со заштита од дискриминација и родово базирано насилство, се дел од пораките коишто беа упатени од синоќешната трибина.

Пред присутните на трибината се обратија и министерот за внатрешни работи и член на централниот одбор на СДСМ Оливер Спасовски, како и директорот на Управата за извршување на санкции и член на надзорен одбро на СДСМ, Марјан Спасовски. Според податоците во периодот од јануари до крајот на септември годинава на ниво на државата евидентирани се 809 кривични дела од областа на семејното насилство, за кои кривично пријавени се 836 лица, а од евидентираните 863 жртви – 669 се жени, односно најмногу сопруги, вонбрачни сопруги, мајки, ќерки.  На овие показатели за истиот период треба да се надодадат и 290 констатирани и санкционирани прекршоци и 3.131 поплака против членови на семејството, каде што 68 отсто од жртвите за психичко, физичко или економско малтретирање се жени.

Пораката од трибината на СДСМ е доста од насилството врз жени. Насилството е неприфатливо и нема да се толерира од никого.

Коментари

коментар(и)