Советникот и потпретседател на Партијата на пензионерите, Миле Андоновски смета дека не се користи доволно местоположбата и потенцијалите на кумановската индустриска зона. Доаѓањето на Лидл е за поздравување, но се уште мора да се работи на промоција на оваа зона, отворање нови работни места, вели тој.