ВИДЕО: „Одлучно за промени“: Предлагаме изградба на скејт парк

Кандидатката за градоначалничка, Теодора Димитровска, заедно со кандидатите за советници од движењето „Одлучно за промени“, предлагаат изградба на скејт парк во близина на спортската сала. Проектот веќе го изработил членот на ЛДП, Ненад Бојковски. Нагласуваат дека во градот недостига место во кое младите ќе можат да се релаксираат и дружат.

-На младите навистина им е потребен еден адреналински парк и место каде ќе можат да се опуштат. Овој парк е планиран повеќенаменски, ќе биде скејт парк неговата внатрешна структура, како ќе биде дизајниран ќе се остави  на младите со својата креативност слободно да го исцртаат а од друга страна паркот може да го користат и повозрасни луѓе за прошетка, да ги пуштат децата тука да можат да се релаксираат, така што мислам дека овој проект е исклучително важен за младите и е неопходно потребен прв од сите проекти да биде спроведен-нагласи Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалничка од ЛДП и ДОМ.

-Знаеме дека по состојбата со корона сите млади останаа дома, не излегуваа, немаа места каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време, така што мислам дека скејт паркот ќе биде многу добро место, затоа што ние како најголема општина немаме се уште скејт парк, а бараме да бидеме урбана општина, сакаме да бидеме модерна и европска општина. Ако сакаме да бидеме европска општина мора да имаме работи каде младите ќе се чувствуваат европски и ќе имаат места каде што ќе можат своето слободно време да го користат-дополни Ненад Бојковски, кандидат за советник ЛДП и ДОМ.

Од ЛДП и ДОМ најавуваат дека нивната програма опфаќа многу проекти кои се наменети за младите.

Коментари

коментар(и)