Водостојот на реката Пчиња е во опаѓање, покажуваат податоците од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
По вчерашниот водостој од 120 сантиметри, денеска водата се повлекува, а водостојот е опаднат на 84 сантиметри.
Според УХМР, забележано е зголемување на водостојот во долниот дел од сливот на Пчиња, но без опасност од излевање.
Вчера реката Пчиња се излеа во атарот на селата Пелинце и Стрновац, но, не беа поплавени објекти.
