Центарот за рехабилитација и реинтеграција ,,Порака Наша” Куманово ја претстави новогодишната понуда во рамките на која лицата со интелектуална попреченост со многу љубов и труд изработуваат сублимирани производи со уникатен дизајн по ваша желба.
„Изберете подароци кои носат порака, топлина и човечност – чаши, шишиња за вода, магнети и приврзоци – персонализирани со вашето лого, порака или новогодишен мотив. Со секоја нарачка не само што ги изненадувате вашите вработени и клиенти со нешто посебно, туку и ја поддржувате независноста и работната активност на лицата со интелектуална попреченост, кои со гордост и радост придонесуваат во оваа приказна“, посочуваат од „Порака наша“.
Цените на производите се симболични.
Понуда:
чаши (бели) – 200 ден.
чаши со рачка и внатрешност во боја – 300 ден.
шишиња за вода – 400 ден.
магнети и приврзоци – 120 ден.
Попусти за големи количини:
10% за 30–50 производи
15% за 50–100 производи
20% за 100+ производи.
