ВИДЕО: Опаѓа водостојот на реката Пчиња, состојбата на терен стабилна

Водостојот на реката Пчиња е во опаѓање, покажуваат податоците од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

По вчерашниот водостој од 120 сантиметри, денеска водата се повлекува, а водостојот е опаднат на 84 сантиметри.

Според УХМР, забележано е зголемување на водостојот во долниот дел од сливот на Пчиња, но без опасност од излевање.

Вчера реката Пчиња се излеа во атарот на селата Пелинце и Стрновац, но, не беа поплавени објекти.