(ВИДЕО) Пензионерите бараат поголемо покачување на пензиите

Здружението на пензионери Куманово бара Владата да изнајде решение за поголемо покачување на пензиите. Претседателот на здружението, Благе Јакимовски информира дека нивните членови реагираат на малото зголемување на пензиите, а значајното покачување на цените на прехранбените производи. Тој бара да се изнајдат решенија, дали социјални пакети, вонредно покачување, бидејќи вели голем е бројот на пензионери кои имаат ниски примања.

-Многу мал е бројот на пензионери што се повеќе од 40.000 денари, односно од 20.000 нагоре. Грото пензионери околу 150.000 земаат пензии под 15.000 денари, а околу 75.000 земаат до 10.000 денари, најмала дозволена пензија што се зема и тие не треба да дозволиме во денешни услови да немаат најосновни услови за живот, затоа апелираме Владата да преземе соодветни решенија и на овие пензионери кои се со најниски примања да им се помогне за да можат преостанатиот дел од животот да го живеат нормално како сите останати-нагласи Јакимовски.

Пензионерите во 2021 година добија покачување на пензиите за 2,3 проценти. Укажуваат дека ова е најмало зголемување во последните години, бидејќи на пензија од 10.000 денари, тоа е покачување од само 200 денари. Со последната одлука од јануари пензиите се покачени за дополнителни 2,98 проценти.

Наспроти ова, Владата синоќа одлучи од март минималната плата да изнесува 18 илјади денари. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот. Според новиот закон минималната плата не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата,.

 

 

 

Коментари

коментар(и)