ВИДЕО: „Порака наша“ го одбележа деветнаесеттиот роденден

Со многу пријатели, радост и прегратки, во вистинска семејна атмосфера, корисниците на „Порака наша“ го прославија деветнаесеттиот роденден на центарот. Како граѓанско родителска организација која активно ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост , „Порака наша“ постои од шести декември 2006 -та година, а 2023 -тата стана лиценциран центар за рехабилитација и реинтеграција.

Се залага за примена на концептот „живеење со поддршка“, како современ модел за социјална инклузија и независен живот на лицата со попреченост.

Инаку, во пресрет на новогодишните и божиќни празници, „Порака наша“ нуди персонализирани производи со дизајн по желба на купувачите, кои ги изработуваат корисниците на машините за професионална рехабилитација.

„Сведоци сме на огромниот напредок не само на организацијата, туку и на сите корисници поединечно. Акцентот е ставен на професиноална рехабилитација и реинтеграција, како и на стекнување на вештини за независно живеење изјави Јелена Стаменковиќ, психолог во „Порака наша“.