(ВИДЕО) По трет пат „Графити фест“ во Куманово

Во Куманово трета година по ред ќе се одржи Графити фест. Уметници од градот, но и од останатите општини од државата, во сабота ќе творат на ѕидови од станбени единици во паркот зад економското училиште „Перо Наков“. Но освен што ќе се разубават ѕидовите на станбените единици, организаторите со поддршка на општината и спонзори, ќе работат и на уредување на паркот.

-Целта на настанот ќе биде да се уреди паркот што е меѓу зградиве, имаше таква иницијатива сега побаравме и добивме поддршка од повеќе спонзори и општината, да ги исцртаме ѕидовите од зградите, да го средиме со урбана опрема, да направиме убав настан, да го одбележиме како некој почеток за уредување на тој дел од градот-вели Младен Трендевски.

На настанот уметниците ќе творат на слободна тема. Ќе учествуваат цртачи од Куманово, Скопје и Битола.

-Ќе има поддршка и иницијатива за поттикнување на најмалите, овој настан е продолжување на минатогодошниот проект кој го правевме со станарите, и тогаш исцртавме поголема површина и оваа година го надолнуваме со многу повеќе графити, мурали, и да го уредиме ова место-нагласи Горан Стојанов.

Организаторите велат дека ќе продолжат со организација на вакви настани, бидејќи Куманово изобилува со места кои треба да се уредат и да добијат нов, модерен лик. За Графити фест добиле поддршка од општината, Министерството за култура и општествено одговорни компании.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)