ВИДЕО: Прва самостојна изложба на уметничка фотографија на Виктор Трајковски

Љубителите на уметничка фотографија имаат можност наредните десет дена да ја посетат изложбата насловена  „Street life“ од Виктор Трајковски во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Виктор Трајковски (роден во 1977 година во Минстер, Германија) е фотограф кој живее во Куманово, Македонија. Повеќе од десет години е посветен на улична фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори.

Учествувал на групни изложби организирани од фото-кино клубот „Козјак“ во Куманово и освоил бројни награди на меѓународни и национални фотографски изложби.