Продолжуваат протестите на сточарите од Тромеѓа. Утринава револотот од најавеното уништување на свињите, го изразија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Велат ќе продолжиме со блокади се додека не ги слушнат нашите барања. Нема да дозволиме да се уништуваат здрави свињи.
Жителите бараат средба со претставниците на Министерството за земјделство, шумарско и водостопанство како и Агенцијата за храна и ветеринарство. Посочуваат и дека во кланица којашто се наоѓа во нивна близина се носат трупови свињи.

На протестот присуствуваше и директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски, кој истакна дека ги разбира револтираните жители кои не дозволуваат да се уништуваат нивните свињи. Нагласи дека улогата на претпријатието, е само техничка поддршка на службите, не уништување или насоки каде тоа треба да се врши.