ВИДЕО: Пролетен училишен крос на Аџи Тепе

Околу 700 основци и средношколци од Куманово денеска учествуваа на најмасовниот пролетен училишен крос досега кој се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе.

 Учениците од основните и средните училишта се натпреваруваа во вкупно 14 трки, по 7 трки во машка и женска конкуренција.

На најдобрите учесници со освоените први три места на училишниот крос, им беа доделени медали, дипломи и маички.

Крос натпреварот е во целосна организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, кој го реализираше согласно со усвоената работна програма за тековната година.

На спортската манифестација присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот кои што на учениците им посакаа континуирани спортски успеси и во иднина.