Во рамките на проектот „Младите во борба против корупција“ денеска во Куманово се одржа првата работилница со средношколци од предвидените четири. Кумановските средношколци ги препознаваат облиците на корупција, покажале анализите направени од Центарот за ромска заедница (ЦРЗ) ДРОМ во партнерство со здружението на мултиетничко општество за човекови права Штип. Посета на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на средношколците ќе биде една од проектните активности во наредниот период.
ВИДЕО: Работилница со средношколци за препознавање на корупцијата
