Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината, објави МИА.
– Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, коишто презеле дејствија на контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува да се преземаат и други дејствија, издадени се наредби и вештачења, информираа за МИА, од ОЈО Куманово.
