ВИДЕО: Промовиран видео записот од Вториот меѓународен фолкорен фестивал

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“, по повод 11-ти ноември, Денот на градот, го промовираше видео записот од Вториот меѓународен фолклорен фестивал. Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура. На овогодинешниот фестивал настапија девет ансамбли, од кои по еден од Србија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора и пет ансамбли од земјава.

Навистина ни беше чест и големо задоволство во тек на светска пандемија со Ковид 19, а запазувајќи ги сите мерки на безбедност да го организираме и одржиме вториот меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2021. Тајната за одржување на овој фестивал лежи во упорноста и во енергијата на членовите на одборот на КУД Панче Пешев и членовите а пред се на претседателот на КУД Панче Пешев кој што е воедно и претседател на фестивалот Мирослав Крстевски. На фестивалот учествуваа групи од Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија како и пет ансамбли од нашата земја. Сите тие претставија дел од своето богато културно и фолклорно наследство им благодараиме на сите кои што помогнаа да се одржи овој фестивал и се надеваме дека повторно наредната година ќе се дружиме-истакнаа на промоцијата.

Промоцијата на видео записот се одржа во салата на МКЦ Козјак, согласно протоколите за заштита од ковид 19. Од КУД Панче Пешев нагласија дека веќе е во подготовка и програмата за третиот меѓународен фестивал. Најавени се учесници од Мексико, Колумбија, Грузија, Бугарија, Србија и земјава.