Во организација на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) денеска во кружната сала на поранешен Комитет се одржа првата работилница за подготовка на Стратегијата за локален економски развој на Општина Куманово, за периодот 2027 – 2031 година.
На првата средба беше презентирана методологијата за работа, динамиката на процесот и анализите на ситуациите, на кои се базира изработката на документот.
„Развојот и имплементацијата на овој стратешки документ е од вистинско и суштинско значење на иднината на Општина Куманово. Преку овој процес, директно се дефинираат насоките за одржлив економски раст, привлекување инвестиции, поддршка на локалниот бизнис – сектор и создавање на нови работни места. Посебен акцент е ставен врз младите и нивниот развој, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот за сите граѓани“, соопштија надлежните.
Видеото по вестите во 18 часот.