Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово денеска организираше јавна трибина на тема „Машки муабети“, како дел од активностите во ноември – месецот на машко здравје, кои имаат за цел да ја кренат свесноста за здравствените проблеми со кои се среќаваат сите мажи во текот на својот живот, како и за потенцијалните ризици и на кои работи треба да посветат внимание за да ги избегнат несаканите последици кои следат со нив. На оваа значајна тема за мажите на трибината говореа и лекари од кумановската болница, а пак, ученици од медицинската струка при ОСТУ „Наце Буѓони“ презентираа теми поврзани со машкото здравје, превенцијата и важноста од навремено препознавање на здравствените ризици.
Целта на трибината е да се поттикне отворен разговор за теми кои често се занемаруваат, да се подигне свеста за важноста на редовни здравствени прегледи и да се охрабрат мажите да преземат одговорност за своето здравје.
