ВИДЕО: Речиси еден месец затворен „Искрин мост“

Мостот на реката Пчиња, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе речиси еден месец е затворен за сообраќај, поради изместен столб. Граѓаните кои живеат во околните села, се движат по алтернативен пат. Тие реагираат дека патот е оштетен и небезбеден. Мостот, која е еден од најдолгите во државата 335 метри, по одлука на Министерството за транспорт и врски, е затворен за сообраќај за 100 дена. Затворањето е поради изместување на еден од носечките столбови за 70 сантиметри. Жителите кои живеат во селата Градиште, Орашац, Скачковце, Кучкарево, Пезово, Кшање, кои секојдневно поминуваа по Искрин мост, сега се движат по алтернативен пат, кој е оштетен.

Направија катастрофа не знам што се случува требаше да се реши прашањето, искршија луѓе коли-вели еден жител.

-Овој пат е катастрофа секој ден поминуваат не можеме да поминеме, таму живееме-дополнува друг.

-Гледајте какво е не можеме да поминаме ако не го направат мостот-нагласува трет.

Овие жители неодамна одржаа мирен протест, реагирајќи на тоа што без никакво предупредување е затворен мостот, чија санација почна минатата година. По протестот издејствуваа асфалтирање на дел од патот под мостот. Но тие се уште се незадоволни, бидејќи велат ги уништуваме возилата. Санацијата на Искрин мост започна лани, а е предвидено да трае до јуни наредната година.

Коментари

коментар(и)