„За карциномот на дојка веќе не постојат возрасни граници. Со самопреглед, ехо на дојка и мамографија може рано да се открие болеста која е најчесто застапен карцином кај жените“, порачува д-р Славица Јакимовска, специјалист радиолог во кумановската болница, по повод „Розовиот октомври“.
Испитувањата на болестите на дојката може да се прават преку Центарот за дојка со претходно закажан термин од страна на матичниот лекар или пак, со електронско пријавување за скрининг мамографија, информираат надлежните.
Мотото на годинешното одбележување на месецот за подигање на свеста за карцином на дојка е „Секоја приказна е единствена, секое патување е важно“.
