По повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово, пчеларското здружение „Пчела“ Куманово организира „САЕМ НА МЕД“. Саемската манифестација ќе се одржи на градскиот плоштад утре и задутре. Свои производи ќе изложат 15 пчелари, од кои двајца од Република Србија.
Од Здружението информираат дека е договорено цената на мед да се не зголемува до крајот на годината. Изразија задоволство од саемот на мед во октомври.
Утре отворањето е предвидено во 10 часот. Саемот ќе трае до 18 часот.