ВИДЕО: Саем на мед утре и в сабота во „Ла плаза мол“

Пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово традиционално организира саем на мед и во зимскиот период. Како што најави претседателот Бобан Стошевски, утре и в сабота( 05 и 06 декември) во периодот од 10 до 20 часот во трговскиот центар „Ла плаза мол“ ќе бидат изложени природниот мед, пчелните производи и уникатните рачно изработени деликатеси од членовите на „Пчела“. Стошевски ги повикува граѓаните да ги посетат штандовите и да си купат мед од вистински пчелари, со цел превентивно делување во однос на сезонските вируси.

Во меѓувреме, здружението „Пчела“ Куманово започна со едукацијата за 2025/26 со предавање на тема: „Од почетник до професионалец“. Предавањето се одржа вчеравечер во салата на Занаетчискиот дом од страна на претседателот Бобан Стошевски. На барање на пчеларите, едукативните предавања ќе бидат поврзани со настанатите климатски промени последните години, а едукатори ќе бидат од Македонија.  

Пчеларското здружение „Пчела” претходната седмица реализираше и предавање на тема: „Примена на добри пчеларски практики“, а предавач беше професорот Ѓоко Зечевиќ од Република Србија, долгогодишен соработник на „Пчела“ од Куманово.