Владата промовираше платформа за следење на проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денес ја промовираше новата платформа за следење на проектите финансирани од Владата.

Платформата овозможува секој граѓанин, општина, новинар и претставник на граѓанскиот сектор во реално време да го следи текот на проектите што ги финансира Владата.

Премиерот ги презентираше и резултатите од јавните повици за финансирање. Преку првиот повик се опфатени 288 проекти во вредност од речиси 4,6 милијарди денари. Според Мицкоски, сите проекти се почнати, за сите се склучени договори, 193 се завршени, 26 се во целосно завршна фаза, 89 активно се реализираат, а за уште шест проекти тендерската постапка е завршена.

На вториот јавен повик финансиран преку унгарскиот кредит се опфатени 828 проекти со вредност од 13,8 милијарди денари. Според Мицкоски, над 50 од нив се завршени или во завршна фаза, а за повеќе од 500 се потпишани договори.