(ВИДЕО) СДСМ бара одговорност за рушењето на фасадата на интернатот

Одговорност за рушењето на фасадата на јавната установа Ученички дом „Професор Мијалковиќ” во Куманово денеска побараа од општинската организација на СДСМ. Од партијата укажаа дека оваа установа беше реконструирана само пред година и пол. Прашаа дали е направен увид од стручните служби, дали изведувачот има одговорност, кој го извршил стручниот надзор и дали ќе има одговорност?

Пред една недела на ова место при малку посилен но не толку разорен ветар фасадата на ученичкиот дом и сама отиде во ветар. Како што и самите можете да видите дека се работи за не така мал дел и дека е направена голема штета. Единствена среќа е што нема повредени. Се знае кој треба да се грижи за оддржување на јавната установа меѓутоа зборот одговорност не постои кај кадрите на Димитриевски. Ги повикуваме стручните служби но и Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство (ЈО) да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадата, да се провери договорот, понудата на изведувачот, адаптацијата, проектната документација,дали постоел надзор на работите, и што бил предмет на договорот и слично. Дали беа поважни провизиите за изградба отколку самата изградба-праша Дејан Ивановски, советник СДСМ Куманово.

Објектот на ученичкиот дом е изграден во 1962 година. Во рамки на проектот „Социјална инклузија на деца од рурални средини, жртви на семејно наслиство и жртви на поплави и пожари“, пред година и пол се спроведе целосна реконструкција, односно внатрешниот и надворешниот дел, пристапна рампа за лица со попреченост.

еа поставени нови 7 коморни ПВЦ прозори во целиот објект, репариран е паркетот и поставен ламинат, целосно се реконструирани тоалетите и бањите во домот, сменети се сите врати и обновен ентериерот, домот е адаптиран за лица со попреченост и набавен е лифткар гасеничар-дополни Ивановски.

Проектот е финансиран од Агенцијата за развој на Швајцарија застапувана преку Амбасадата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа.

 

Коментари

коментар(и)