(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски врши политички реваншизам

Лажниот социјалдемократ, Максим Димитриевски уште во првите денови започна со одмазда кон своите политички неоистомисленици. Над 20 вработени лица во Општина Куманово овие денови се распоредени на пониски позиции и преместени на работни позиции на кои никогаш не работеле, обвини претседателот на општинската организација во Куманово, Мартин Костовски. Причината за преместување и деградирање, според СДСМ е тоа што овие лица се нивни истакнати активисти и членови.

-Ова е класичен политички реваншизам  и самоволие на градоначалникот Димитриевски. Постапка која потсетува на едни режимски времиња. Со ваквите постапки се покажа недемократското и  неодоговорното лице на Максим Димитриевски, кој решил заради лични каприци да се пресметува и казнува луѓе кои со години, децении работат во општината. Јасно ни е дека Димитриевски ќе продолжи со притисоците, но и нему треба да му биде јасно, дека со ваквиот однос нема да успее да исплаши никого. Кумановци и кумановки не попуштаат под притисоци и закани, а Куманово е бастион на СДСМ и социјалдемократијата. На овој начин Димитриевски не само што не може никого да заплаши туку тој само го покажува пред јавноста својот нарав и лицето пред цело Куманово. На крајот апелираме до секој еден, кој е под притисок на Димитриевски истото да го пријави-нагласи Костовски.

Костовски нагласи дека СДСМ ќе стори се за да го заштити секој поединец, вработен професионалец кој се соочува со закани, притисоци и уцени од страна на градоначалникот. Времето на режимски постапки, на самоволието на функционерите заврши одамна, истакнаа од СДСМ.

ВИДЕО НАСКОРО!

Коментари

коментар(и)