ВИДЕО: СДСМ Куманово го избра новото раководство

Професори, лекари, адвокати, директори на различни институции, студенти, се дел од членовите на новиот извршен и надзорен одбор на општинската организација на СДСМ Куманово.

Лидерот на партијата во Куманово,  Александар Арсиќ истакна дека се работи за професионалци, а при изборот се воделе според статуарните одредби, родова застапеност, 50 проценти мажи и жени, како и млади.

Коментари

коментар(и)