Министерството за образование и наука ја чека целосната документација од Општина Куманово, за да започне изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, информираше при неодамнешната средба во Куманово, министерот Јетон Шаќири.
Тој потсети дека Владата веќе обезбеди средства, но доколку се потребни согласно документацијата, ќе се дообезбедат, за да се реши деценискиот проблем на учениците кои следат настава во несоодветен објект, поранешна административна зграда на „ЗИК Куманово“.