ВИДЕО: Се чека на дополнителни средства за кровот на двете основни училишта

Министерството за образование и наука чека Владата да одобри дополнителни милион денари, за да започне тендерската постапка за санација и реконструкција на кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, истакна при гостувањето во емисијата „СТАВ“, координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска Божиновска, споделувајќи ги информациите со коишто располага за овој проблем. На крајот на август Владата одобри 15, но неопходни се 16 милиони денари.

Доцевска Божиновска информираше дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ активно го следи овој проблем, и бара информации од Секторот за образование. Минатиот месец побараа претседателката на Советот, да прати ургенција до министерот за образование и да го потсети на дадените ветувања, но и дека проблемот постојано се продлабочува поради обилните врнежи од дожд.

Проблемот со кровот во двете основни училишта датира од 2018-та година. Изминативе две години училиштата алармираат за влошената состојба. Неколкупати и аплицираа до министерството. Поради влошената состојба надлежните одлучија учениците од третиот кат учебната година да ја почнат во гимназијата „Гоце Делчев“ и истурениот објект на „Браќа Миладиновци“.

Коментари

коментар(и)