(ВИДЕО) Соработка на Занаетчиската комора и Комората на органски производители

Претседателот на Занаетчиската комора, Аргон Фазлија денеска потпиша меморандум за соработка со Комората на органски производители, односно претседателот Драган Цветковиќ. Целта на меморандумот е воспоставување на соработка со која бенефит би имале членовите на двете комори.

-Оваа соработка ќе ни овоможи претставување на занаетчиите на национален, регионален план, но и меѓуграничен план. Би сакал да истакнам задоволство бидејќи Комората за органски производи е доста почитувана и сериозна комора каде ние покрај сите наши видувања и состаноци заклучивме да го направиме и овој меморандум-истакна претседателот Фазлија, кој се надева дека во иднина ќе има уште повеќе настани за занаетчиите и земјоделците.

-Овој меморандум го потпишавме со цел да создадеме ефикасна соработка помеѓу двете комори заради остварување активности, чија главна цел ќе биде зголемување на соработката, унапраедување и придонес кон застапување на органските производите и традиционалните производители, односно занаетчиите-нагласи  Цветковиќ.

Комората на занаетчиите минатата година учествуваше на традиционалниот меѓународен саем на органски производи. Оваа година како прва цел ќе биде манифестацијата да биде уште помасовна, да им се даде можност на членките и од двете комори да се испромовираат. Саемот како и претходните четири години ќе се одржи во септември.

Коментари

коментар(и)