Дали Македонија го доби еден од најиновативните стартапи во здравството „Доктермин“, кои се придобивките за пациентите и лекарите, зошто платформата се смета за чекор напред кон дигитализација на македонското здравство, може ли корисник на „Доктермин“ да додаде блиски лица и да закаже термин во нивно име?
Ова се темите на кои во емисијата „СТАВ“ в петок ќе разговараме со софтверскиот инженер Стефан Стефановски од Куманово, основач на македонската онлајн платформа во здравството „Доктермин“, кој што живее и работи во Франција.
Емисијата ќе се емитува в петок, во 20 часот.
