ВИДЕО: Успешна година за „Атлета“ – гимнастичарите освоија 14 медали на Државното првенство во Скопје

Успешна година за клубот за спортска гимнастика „Атлета“ од Куманово. Гимнастичарите постигнаа одлични резултати на Државното првенство во А и Б програма, во машка и женска конкуренција, кое се одржа во Скопје, изминатиот викенд. Вкупно десет медали во поединечна конкуренција и четири медали – екипно освоија натпреварувачите од „Атлета“.

 Во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава, клубот настапи со 28 спортисти – 13 во машка и 15 во женска конкуренција. При тоа освои: две златни, три сребрени и пет бронзени  медали во поединечна конкуренција. Додека екипно два златни и две сребрени медали.

Во А-програма, машки – поединечно: Калин Илијевски освои второ место (постари пионери), Бојан Христовски второ место (помлади пионери), а Даме Јаневски трето место (помлади пионери).

Во Б-програма, машки – поединечно: Јаков Стојановски освои прво место (постари пионери), Михаил Додевски второ место (постари пионери), Георгиј Мартиновски трето место (постари пионери), а Илијан Стојановски трето место (помлади пионери).

Екипно, екипата Милош Јовановиќ и Калин Илијевски освои второ место. Екипно прво место до 9 години освоија: Алексеј Станковски, Илијан Стојановски, Лазар Ѓоргиевски, Симон Петковски, Урош Радевски и Ангел Трајковски, информира тренерот Филип Миленковски.

Успехот не изостана ниту во женска конкуренција.

„Во женска Б-програма – поединечно, категорија помлади пионерки: Инес Мишевска освои второ место, а Кирјана Крстевска прво место (до 7 години). Анисија Станојковска освои второ место во конкуренција деца до 7 години. Екипно второ место во категорија постари пионерки освоија: Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ања Ристевска, Ива Тодоровска и Лана Богдановиќ. Екипно прво место до 7 години освоија: Кирјана Крстевска, Анисија Станојковска, Софија Цеков, Софија Николовска, Изабела Цветковиќ и Леона Попов, соопшти тренерот Никола Златановски.

„Гимнастичкиот клуб „Атлета“ постои од 2019 година. Активно учество земаме на сите државни натпревари досега, секоја година постигнуваме се поголем и поголем успех. Моментално броиме над 150 членови во клубот. Планираме да учествуваме и на меѓународни натпревари, но чекаме да исполниме услови во годишна возраст, бидејќи може да се учествува над 13- годишна возраст, изјави Игор Илијевски, тренер во „Атлета“ Куманово.