Срѓан Ивановски, дипломиран правник е назначен за нов раководител на Регионалната канцеларија на Централен регистар Куманово.
„ Тука сум, нешто повеќе од 3 месеци и од она што го видов досега, морам да констатирам дека во институцијата работат колеги кои се професионални во својата работа, почитувајќи го пред се етичкиот кодекс на однесување, а применувајќи го начелото на законитост и ефикасност. Нашата работа е основа за многу процеси во земјата и ние секојдневно се трудиме да ги унапредиме нашите услуги. Во последните месеци реализиравме значајни подобрувања во нашите системи за ефикасност и безбедност на податоците. Како раководител на Централен регистар во Куманово, односно во регионална регистрациона канцеларија (РРК Куманово) посветени сме на обезбедување точни и ажурни податоци за нашите граѓани и деловни субјекти. Во контекст на новите промени, ние активно работиме на дигитализација на нашите услуги, што ќе ја олесни комуникацијата со граѓаните и ќе ја забрза обработката на податоците. Нашата цел е да бидеме транспарентни и достапни и да го зголемиме нивото на доверба во институцијата“, истакна Ивановски.
