Само со директна финансиска помош од државата, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе може да ја надмине енергетската криза, смета директорот Даниел Стојчевски. Поради превисоките цени на природниот гас и на електричната енергија, градскиот затворен базен од денеска не работи.