(ВИДЕО) Трипуновски: Итни мерки од Владата, се заканува целосно истребување на свињите

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски од Куманово денеска побара итни мерки за спречување на ширењето на африканската чума кај свињите. Оваа свинска болест е регистрирана во Долно Којнере.

-Изминативе неколку години наназад кога се појави африканската чума во соседна Бугарија апелиравме до Агенцијата за храна и ветеринарство до ресорното министерство, Владата да се преземат сите неопходни мерки за да се заштитиме од оваа сериозна заразна болест која причинува големи економски штети кај свињарството, меѓутоа за жал изминативе месеци сме сведоци дека во Република Македонија најпрвин во Делчево, влезе болеста и почна да се шири кон централна Македонија, беа зафатени Македонска Каменица, Кочани, Чешиново, Облешево, Штип и Карбинци и за жал имаме две жаришта во Куманово, едното во селото Никуштак, другото во Долно Којнаре и согласно мерките коишто треба да се преземат ќе значи целосно уништување на свинскиот фонд во овој регион и сите жаришта коишто ги има. Согласно моите информации досега се уништени над 3.500 грла свињи што е сериозна бројка за оваа наша сточарска гранка. Ја користам можноста со оглед што свињарството е многу распространето ширум Република Македонија и е битна економска гранка за државата и опстојување на семејствата. Агенцијата за храна и ветеринарство, министерството за земјоделство, целата Влада да ги стави сите материјално технички средства и со еден сериозен и навремен пристап да се локализираат и овие жаришта кои што сега ги имаме. Во состојба кога имаме проблеми со снабдување со храна, тешка економска криза ни фали уште да останеме без храна и тоа ќе значи тешка зима за граѓаните ширум републикава-истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство ВМРО-ДПМНЕ-нагласи тој.

Коментари

коментар(и)