ВИДЕО: Успешно се реализира пописот во Куманово

Во Куманово и Старо Нагоричане успешно се реализира пописот. Засега не се евидентирани никакви проблеми. Граѓаните ги примаат попишувачите и им ги доставуваат сите неопходни информации. За статистичката операција во овие две општини ангражани се 310 лица. Од пописната комисија од најголемата општина во државата не открија колку лица досега се попишани, но нагласуваат дека засега нема отпор од граѓаните.

-258 како реонски попишувачи, 26 како инструктори и 26 лица се резервни попишувачи. Пописот на територијата на Куманово и Старо Нагоргичане започна вчера регуларно, со почеток од 08 часот и досега нема пријавено никакви проблеми за самиот процес на одвивање на оваа статистичка операција-истакна Александар Гелевски, претседател на пописен реон Куманово.

Во Куманово пописот се одвива и во централното подрачје, но и во руралните средини. Попишувањето во едно домаќинство во просек трае по 15 минути. Од комисијата укажуваат дека се почитуваат ковид протоколите. Очекувањата се дека пописот ќе заврши во законски утвредниот рок, до крајот на септември.

Првиот човек на македонската полиција при денешната посета на Куманово, истакна дека очекува пописот успешно да се спроведе. Спасовски најави мерки за лицата кои ќе одбијат да се попишат.

ие како Министерство за внатрешни работи, работиме заедно со државниот завод за статистика, наши претставници имаме во штабот кој раководи со пописот, за сите граѓани коишто ќе одбијат да се попишат, сигурно е дека ќе се применат мерките и ќе има пријави. Меѓутоа, јас очекувам дека како што помина вчерашниот ден во една одлична атмосфера, атмосфера на граѓанска одговорност дека и понатаму ќе продолжиме и пописот ќе заврши успешно и после 20 години ќе можеме да имаме детално податоците кои ни се потребни за развој на државата-изјави Спасовски.

Спасовски нагласи дека пописот се одвива со одлично темпо, а само во вчерашниот ден се попишале околу 100.000 граѓани. Тој ги повика граѓаните да се вклучат во процесот, за да се добие реална слика и за потребите и за капацитетите со кои располага државата.

ВИДЕО НАСКОРО!

Коментари

коментар(и)