Здравствената струка од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и здружението на дијабетичари од Куманово денеска во паркот кај Соколана организираа акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, а во училиштето беше одржано и предавање за болестите на очите предизвикани од дијабетесот.
Активностите се организираат по повод 7 Април – Светски ден на здравјето.
Утревечер ќе се одржи уште едно предавање на тема „Превенција на дијабетична ретинопатија“ од д-р Елизабета Спасиќ, спец.офтамолог и хирург во Систина Офталмологија Куманово.