ВИДЕО: Одбележан денот на бомбардирањето кај Аџи Тепе во 1941 година

Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово вчера го одбележа денот на бомбардирањето на спортскиот аеродром Аџи Тепе во близина на Куманово, кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на германската авијација на 6 април 1941 година. Одбележувањето традиционално се одржува кај споменикот изграден во чест на загинатите авијатичари, на улицата „Никола Тесла“ во Долно Којнаре.

Пред присутните се обратија претседателката на Српската заедница во Македонија Гордана Јовиќ – Стојковска, амбасадорката на Р. Србија во Македонија, Невена Јовановиќ и претставникот на Сојузот на борци од Врање, Мирољуб Стојчиќ.