ЗСПК „Козјак“ одбележува 43 години од обновувањето на клубот

Здружението спортско планинарски клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 43 години од своето постоење, односно од обновувањето на клубот.

„Движи се да не заборавиш да одиш“ е годинашната порака до сите членови од одговорните во клубот.

-По повод роденденот во зависност од временските услови допрва ќе се организира акција и планинарски ручек во планинарскиот дом Длабочица и доделување награди и признанија на нивните членови. ЗСПК „Козјак“ е најстар клуб во градот. Денеска одбележуваме 43 години од обновување на клубот. Планинарите низ годините ги освоија највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа, рече Величковски“ , изјави секретарот на ЗСПК „Козјак“, Мартин Величковски.