Приведен кумановец – возел со над два промили алкохол во крвта

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во 1 часот по полноќ на улицата „Ѓорче Петров“ бил приведен 45-годишен возач од Куманово со измерени 2.34 промили алкохол во крвта. 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.