Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.

Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.

Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

 

Коментари

коментар(и)