Викендов санкционирани над 280 возачи

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 282 возачи, од  кои 254 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 21 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)