Викендов санкционирани 84 возачи

Во текот на изминатиот викенд,  полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на  Куманово санкционирани се вкупно 84 возачи, од  кои 62 управувале возило со брзина поголема од пропишаната и 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)