Виктор Божиновски поднесе кандидатура за претседател на ОО СДСМ Куманово

Адвокатот, Виктор Божиновски поднесе кандидатура за нов претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово. За кандидатурата информираше на неговиот „Фејсбук“ профил, при што посочи дека е време за враќање на вистинските социјалдемократски вредности.

-Денес ми е особена чест и задоволство што ја поднесов мојата кандидатура за претседател на ОО на СДСМ Куманово. ВРЕМЕ Е ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ-напиша Божиновски.

Божиновски е некогашен директор на ЈП „Водовод“, по што работеше во правниот сектор во Општина Куманово. Во моментов е вработен во сопствена адвокатска канцеларија.

Претходно кандидатура поднесе и Емил Ташевски, дипломиран инженер по информатика, вработен во Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)