ВМРО ДПМНЕ: Да се испита случајот со Димитријевиќ

Општинскиот комитет  на ВМРО ДПМНЕ вчера уште еднаш ги повика да се огласат директорот на гимназијата Гоце Делчев и градоначалникот на куманово во врска со сликите со непримерна содржина како и видеото кое е поставено на социјалните мрежи.

-Сите бевме запрепастени од сликите кои ги видовме , но после видеото нема сомнеж дека некој бил уценуван и невин. Јасно се гледа кој е на видеото  и нема потреба од уште еден демант. Срамно е да се објавуваат видеа и фотографии  со експлицитни сексуални содржини. Родителите и целата кумановска јавност се во шок за однесувањето на човек кој треба да биде пример во гимназијата на учениците. Каков пример дава овој неморален човек? Дали учениците се безбедни во негова близина ? Дали човеков има манијакални тенденции само на интернет и по социјални мрежи  или истото го практикува и во реалниот живот, изјави Злата Божиновска, ОК ВМРО ДПМНЕ

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги повикува надлежните институции детално да го испитаат случајот .

-Бидејќи никој не се огласи за овој случај, речиси десет дена  ги повикуваме сите надлежни институции , министерството за образование и култура , министерството за внатрешни работи, првата детска амбасада Меѓаши, народниот правобранител, да го истражат  детално овој случај и да се назначи нов директор. Куманово веќе 12 години го водат манијаци, алкохоличари, и лажни политичари, доста е веќе од овој циркус, изјави Божиновска.

ВМРО ДПМНЕ  бара од градоначалникот Зоран Дамјановски да каже според кои критериуми го поставил Димитријевиќ за директор на гимназијата Гоце Делчев.

Коментари

коментар(и)