Дамјановски: МВР да го испита случајот со Димитријевиќ

Доколку спорните  фотографиите се поставени од директорот на гимназијата Гоце Делчев, сигурно дека ќе има санкции , рече денеска градоначалникот на Куманово. Дамјановски го повика министерството за внатрешни работи да го истражи случајот со Димитријевиќ целосно.

-Во секој случај моралната одговорност постои за самиот директор ако тие фотографии се постирани од него,сигурно ќе има санкции. Меѓутоа, тоа не можа да се реши во еден ден, во секој случај во текот на нардните денови ќе имаме разрешница, очекувам известување од службите на МВР, бидејќи е пријавено како хакерски упад во профилот на директорот. Јас оставив таа работа да се докаже, ако има вина негова сигурно дека ќе трпи санкции во однос на позицијата директор во гимназијата. Меѓутоа не може да реагираме во еден ден, знаете дека се прават лажни профили. Јас не сакам да бранам никој, не можам да бидам експлицитен, дали фотографиите се автентични или монтирани. Подготвен сум да разговарам за моралната  одговорност на директорот и сигурно ќе дојде до разрешница на овој проблем.Треба да се остави да се докаже вината или невиноста на директорот. Ако е виновен ќе сноси  одговорност, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Коментари

коментар(и)