Во село Старо Нагоричане кај месноста викана „Смилчинска кривина” на магистрален пат Крива Паланка – Куманово вчера настанал пожар во патничко возило кое било во движење.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема, информира полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.