Волонтери од Црвен крст на обуки во Струга

Промоција на хигиена и теренско возење, се насловени двете обуки кои ги проследија волонтери од општинската организација на Црвениот крст. Обуките кои имаа теоретски и практичен дел се одржаа изминативе недели во Струга.

-Првата обука беше за промоција на хигиена имавме првин теорија како да направиме проценка на одредена територија во врска со хиената а потоа имавме практична обука во село Мороишта во близина на Струга каде што излеговме на терен имавме комуникација со локалното население, претседателот на месната заедница кој ни  објасни поопширно какви проблеми имаат тие во однос на хигиената-посочи Раде Ристиќ, лидер на клуб млади на Црвен крст Куманово.

Во рамки на втората обука волонтерите имале можност да управуваат теренско возило во село Вишни.

-Обуката за промоција на хигиена траеше 5 дена и бевме 30-ина ученици инструкторите ни беа од канадски,  австриски и словенечки Црвен крст. Во соработка со инструктори од Црвен крст на Република Македонија додека на обуката за теренски возила бевме 20 ученици од државата од општинска организација на Црвен крст Куманово учествувавме двајца имавме 4 инструктори за возење кои ни покажаа како да возиме во одредени услови, тешко достапни терени и практично и теоретски-додаде Ристиќ.

Волонтерите од Црвен крст Куманово посочија дека се задоволни од искуството и знаењето кое што го стекнале на овие обуки. Тие потенцираа дека и во иднина ќе продолжат да  следат вакви семинари.

 

Коментари

коментар(и)