Во браните има доволни количини вода за Куманово

Водостопанство кумановско липковско поле ќе постапи според цената која ќе ја донесе Регулаторната комисија, откако ќе биде усвоена од Владата, истакнаа денеска надлежните од ова јавно претпријатие. Од таму се согласуваат дека Куманово плаќа најскапа вода во државата, пред се заради како што велат, дотурот на вода до Водовод, но и системите за наводнување кои одат во истиот вод. Затоа трошоците за одржување на системот се поголеми во однос на другите градови. Според новиот раководител на ова претпријатие проблемот може да се реши доколку се одвојат системите, само со заеднички напори на сите институции, бидејќи зафатот би бил исклучително скап.

-Околу цената на водата претходно е фактурирана од Водостопанство кон ЈП Водовод, 6,4 по метар кубен пред да дојдам на оваа функција регулаторна комисија има донесено цена од 4,98 што е за 20 проценти пониска во однос на претходната. Како што имаме информации оваа цена се уште не е донесена на Влада, така што во идниот период ќе работиме заеднички со Водовод да направиме правична цена која ќе биде за водостопанство да не му наштети на нормалното фунцкионирање на водовод, а најмногу за граѓаните на Куманово-истакна Оливер Илиевски, раководител на ЈП Водостопанство кумановско-липковско поле.

Раководителот на претпријатието истакна дека состојбата со браните е добра и очекува нормално испорачување на вода. Доколку нема поголеми падавини до крајот на април, сезоната ќе почне со 80 проценти од капацитетот.

-Техничката опременост на претпријатието е на многу ниско ниво, системот за наводнување е доста оштетен од конфликот во 2001, во рамките на можностите на водостопанство се санирани некои кварови но немало доволно средства за инвестиции од покрупни зафати, ние имаме поднесено проекти до владата на рм очекуваме во идниот период од инвестиционата програма да се одвојат средства за кумановско липковско поле за санација на постоечкиот систем и за изградба на нови зафати, односно во идниот период ќе ни биде главна цел долгорочно да го решиме проблемот со водоснабдување како на Куманово така и на Липково-додаде тој.

Што се однесува до кадрите, Илиевски истакна дека им недостасуваат околу 13 вработени. Посочи дека има проблеми во делот на стручни кадри за секторот за брани, додека останатите работници се за одржување на системот за наводување и одржување на дотур на вода. Тој се надева дека со добра организација проболемот ќе биде надминат. Додаде дека се планирани вработувања, но за бројот треба да одлучи Министерството за финансии.

 

Коментари

коментар(и)