Во Куманово вкупно хоспитализирани 105 лица

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1708 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Куманово 105 моментално се лекуваат пациенти позитивни и суспектнина КОВИД 19.

Секако мора да се има во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, а моментално во целата држава има околу 338 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Коментари

коментар(и)