Во ОУ „11 Октомври“ се одржа изложба на стрип

Во холот на училиштето 11-ти Oктомври денеска се одржа изложба насловена Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман, која што ја организира Стрип центарот на Македонија, во соработка со Центарот за ромска заедница Дром. Делата  произлегле од 4 дневна работилница која што минатиот месец се одржала во село Нежилово во Велес. Дванаесет цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово и Битола твореле на темите миграции, меѓуетнички односи, родови прашања, екологија и слично.

-Стрипот претставен во граѓанското општество нема граници исто како што нема ни етнички, тој може да се исплементира во секоја средина не е важно како, бидејќи овозможува неброени можности каде што може талентирани деца од која било средина да го искажат својот талент и да претстават нешто за своите потреби. Јас сум презадоволен  бидејќи ова не ми е прва работнилница што ја работиме на ваков начин, досега имаме работено преку 10-15 работилници и со други здруженија на граѓани и деца ширум Македoнија и мислам дека ова е врвот што го направивме се надевам следните ќе бидат уште подобри-посочи Ване Трајков извршен директор на Стрип центар Македонија од Велес.

Од Куманово на работилницата учествувале двајца цртачи.

-Темите беа на екологија, миграција, родови односи и слично зависно од авторите, имаше и спортски активности се дружевме целта на овој проект е да се афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање општествена порака преку креативен процес на поединци и инситутции бевме задоволни ова беше моја прва стрип изложба.  Јас имав на тема миграција, тоа е актуелната тема последниве неколку години да се запознаае јавноста низ што поминуваат бегалците-нагласи Ненад Ѓорѓевски практикант Дром.

Изложбата е дел од проектот кој е подржан од Цивика мобилистас, а има за цел да ја афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање на општествени пораки преку креативен процес на поединци и институции.

Коментари

коментар(и)