Во „Перо Наков“ се одржа државниот натпревар лидер на струка

Во средното економско училиште Перо Наков денеска се одржа државен натпревар Лидер на струка. Натпреварот беше наменет за економско-правна и трговска струка, односно учествуваа ученици од четири образовни профили економски техничар, деловен секретар, банкарски техничар и правен техничар.

-Се натпреваруваат четири образовни профили и се избира најдобар на профилот а врз основа на тоа потоа се избира најдобар на економско правна и трговска струка.  Денеска зедоа учество 38 ученици од сите економски училишта од државата. Најдобрите добиваа пофалници за профилиот и струката. Самиот натпревар е во организација на Министерството за образование и наука, подржано од Центарот за стручно образование и обука-истакна директорката на Перо Наков, Мила Жибак.

Од средното економско правно училиште Васил Антевски Дрен од Скопје на натпреварот учествуваа четири ученици. Тие се надеваат на позитивни резултати.

-Учениците се подготвуваа веќе подолг период за овој натпревар обрнаа внимание на целокупниот изучен материјал од прва до трета година за двата профили-истакна професорката Билјана Ниновска.

Инаку оваа година се одржа 5-от државен натпревар лидер на струка.

 

Коментари

коментар(и)